Полека доаѓаме и до крајот на втората сезона во ракометната Вардар јуниор лига, па така последните натпревари од Ф-4 турнирите се играат викендов. Тие ќе се играат на 6-ти и 7-ми мај во СЦ „Јане Сандански”. Девојките од генерациите 2002/03 и 2004/05 в сабота ги играат полуфиналните натпревари, а во недела на распоредот се натпреварите за трето место и финалето. По мечевите во недела ќе бидат доделени медалите на најуспешните колективи во овие две категории.
Распоред на натпревари може да го најдете _ТУКА.pdf