Вардаровата генерација родени “2003“ продолжува да гази во регионалната-скопска лига. Денес на теренот на алумина се одигра натпревар помеѓу екипите на Вардар и Форца. Натпреварот заврши со убедлив триумф на црвено-црните од 3:11. На полувреме имавме водство од 1:4.
На денешниот натпревар, тренерот Томче Трајановски шанса во првата постава им даде на играчите кои беа на клупата на дуелот со Работнички, а во првите 11-сетмина стартуваше и голманот Лука Стојковски кој денес псотигна хет-трик. Стрелците на головите редоследно:
– Дамјан Андреев 0:1
– Александро Прелоговски 0:2
– Лука Стојковски 1:3
-Лука Стојковски 1:4
– Дарко Младеновиќ 1:5
– Лука Стојковски 1:6
– Антонио Мирков 1:7
– Антонио Мирков 1:8
– Антонио Мирков 2:9
– Дарко Младеновиќ 3:10
– Дарко Младеновиќ 3:11
Ова беше вкупно 14 победа од исто толку одиграни натпревари за избраниците на Томче Трајановски во регионалната лига, со што убедливо останува на врвот на табелата.