Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > (ФОТО) Пионерите на Вардар победнички под будното око на Панчев

(ФОТО) Пионерите на Вардар победнички под будното око на Панчев

Денеска нов натпревар во рамките на пионерската лига одиграа играчите на Вардар, тие во оваа рунда ја пречекаа штипска Брегалница. Овој натпревар нашиот тим го доби со резултат 4:1 (1:1). Иако Вардар губеше се до финишот на првиот дел, сепак на крајот успеа да слави лесна победа. Треба да се напомене дека и новиот спортски дирекот на ФК Вардар Панчев, беше дел од овој натпревар.

vardarfans-darko-pancev-vardar-gogov-kralevskiНатпреварот започна со иницијатива на нашиот тим додека пак Брегалница својата шанса ја чекаше преку контранапади. Првата закана кон голот на противникот ја имаше Јовица Радевски кој биеше со глава по една нафрлена топка од корнер, на оваа негова закана заврши над голот на Брегалница. Потоа своја шанса имаше и Кренар Дарлишта, но и неговиот удар заврши непрецизно и пропадна оваа добра прилика за гол. Кон 30.минута Брегалница дојде до водство од 0:1 со гол од пенал. Топката ја зеде и изведе еден играч на противникот, биеше и постигна гол иако Велковски за малку не ја одбрани оваа топка. Во последната минута од првиот дел дојде и изедначувачкиот погодок на Вардар. Со прецизен удар од 15-метри постигна погодок Стефан Наумчески.

vardarfans-gogov-pioneriВо вториот дел Вардар тргна уште по напаѓачки кон целосен пресврт. Целосниот пресврт Вардар го направи преку Стефан Наумчески кој стрелаше прецизно за водство на Вардар. Тука нашиот тим не застана, тргна и по нов, трет погодок. За третиот погодок не се чекаше многу, по една одлична акција на Вардарци прецизно стрелаше Благојевиќ Милан за веќе 3:1. Точка на овој меч и сигурна победа стави истиот играч Благојевиќ, кој доби една одлична нафрлена топка од Спасиќ која умешно ја искористи. Со овој резултат и заврши овој дуел.