Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2003“ утре гостува на екипата на Македонија Ѓ.П, генер.“2004“ е слободна во ова коло
ФК Вардар генер. “2003“ утре гостува на екипата на Македонија Ѓ.П, генер.“2004“ е слободна во ова коло

ФК Вардар генер. “2003“ утре гостува на екипата на Македонија Ѓ.П, генер.“2004“ е слободна во ова коло

Во текот на утрешниот ден натпревар од регионалната-скопска лига ќе одигра генерацијата на Вардар родени “2003“ година. Веќе е започнат третиот и последен круг на натпреварување, по што ќе биде познат шампионот во скопско-кумановскиот регион во оваа возрасна генерација. Противник на црвено-црните е екипата на Македонија Ѓ.П, меч кој ќе се одигра на теренот во Ѓорче, со почеток од 09:00 часот.

Оваа сезона одигравме два натпревари со овој противник, кој ги добивме убедливо. Првиот меч одигран на теренот каде утре ќе се одигра натпреварот заврши со триумф на Вардар со резултат од 1:6, додека вториот дуел одигран на теренот на Академија го добија исто така црвено-црните, уште поубедливо со резултат 9:0.

До крајот на сезоната вклучувајќи го и утрешниот натпревар остануваат уште седум кола за одигрување. Моментално Вардар е прв на табелата пред екипата на Шкендија, единствениот конкурент за титулата. Во ова коло слободна е генерацијата “2004“ на Вардар, со оглед дека Македонија Ѓ.П нема екипа која се натпреварува во оаа генерација.