Пет ракометари на Вардар и тренерот Раул Гонзалез се најдоа во изборот за најдобриот тим во Лигата на Шампионите за оваа натпреварувачка сезона. Тоа се речиси истите играчи кои беа избрани и во идеалниот тим на СЕХА лигата, на завршниот турнир кој се одигра во Скопје, на кој првото место му припадна токму на тимот на Вардар. Тимур Дибиров ( лев бек), Арпад Штербик ( голман), Лука Циндриќ ( среден бек) Илија Абутовиќ ( дефанзивец), а тука е и Вуко Борозан ( лев бек) се играчите од актуелниот Европски шампион, кои ќе конкурираат да бидат избрани како најдобри на своите позиции на кои играат.
Гласањето ќе трае до 26-ми мај кога започнува и завршниот турнир во Келн. За играчите на Вардар можете да гласате на линкот, ТУКА.