Фудбалскиот клуб на Вардар генерација “2004“ со победа го заврши учеството на силниот меѓународен турнир “Евима куп“ , кој во периодот од 1-6-ти април се играше во Банско. Со вкупно две победи и два нерешени резултати и без ниеден пораз, избраниците на Филип Арсовски на крајот го освоија четвртото место на овој турнир. На денешниот последен натпревар силите ги одмеривме со екипата на Раднички Нов Белград и оставаривме победа со резултат 2:0. Истиот резултат беше актуелен и по првото полувреме. Стрелец на двата гола беше Георг Стојановски, кој го заврши турнирот со 5 постигнати погодоци, еден помалку имаше Марио Ричков.
Ова беше уште еден одлично одработен турнир за нашата генерација, која може да се каже дека немаше среќа да игра во полуфиналето. Во групата само првопласираниот имаше можност да се бори за врвот, а Вардар само поради послабата гол разлика не се најде на тоа место. Инаку во групната фаза забележавме победа против Карнобат од Бугарија (7:0), додека ремизиравме во дуелите со екипите на Полетерац од Србија (1:1) и Прециз Монтана од Бугарија (1:1).