Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Осум гола во мрежата на Еуромилк, од помладите пионери на ФК Вардар
Осум гола во мрежата на Еуромилк, од помладите пионери на ФК Вардар

Осум гола во мрежата на Еуромилк, од помладите пионери на ФК Вардар

Утрово на теренот во населбата Марино се одигра фудбалскиот натпревар од 15 коло во првенството на младинските категории. Први кои имаа настап од Вардаровите генерации, беа помладите пионери кои забележаа убедлива победа во дуелот со врсниците од екипата на Еуромилк. Црвено-црните поубедливо од очекувањата високо ја поразија екипата на Еуромилк. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 8:0. Дури седум различни играчи успеаа да постигнат погодок. Стрелци на головите на денешниот меч беа Давид Астарџиев (2), Мартин Спировски, Виктор Петкоски, Александар Ѓурковски, Дамјан Бојковски, Ибрахим Ариф и Виктор Мирчевски.

Уште по првото полувреме беше познато кој ќе ги освои трите бода, откако Вардарци имаа убедливо водство од 4:0. Избраниците на Сашо Јанев уште од првите минути тргнаа офанизвно кон противничкиот гол, што резултираше со ваква предност во првиот дел. На спротивната страна Еуромилк речиси и да не се закани кон голот на Матеј Андов. Во вториот дел уште толку погодоци во противничката мрежа за високи 8:0 на овој натпревар, каде само една екипа играше на теренот. Еуромилк ни од блиску не беше достоен противник за нашите млади надежи, кои од теренот во Марино си заминаа со висок пораз.

Полека но сигурно оваа Вардарова генерација се враќа во препознатливата форма и игра која ги красеше во есенскиот дел. После двата нерешени резултати, црвено-црните врзаа две убедливи победи. ќе се чекаат резултатите на нивните директни конкуренти за титулата, со кои имавме два бода предност пред Работнички и три во однос на Шкендија пред одигрување на ова коло.

ФК Вардар: Рамадани, Бојковски, Апостолов, Мирчевски, Чурлинов, Манасиевски, Астарџиев, Илиевски, Петкоски, Спировски, Симоновски.