Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите со десет погодоци го одбележаа 15 првенствено коло против Еуромилк
Пионерите со десет погодоци го одбележаа 15 првенствено коло против Еуромилк

Пионерите со десет погодоци го одбележаа 15 првенствено коло против Еуромилк

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар денес на теренот во населбата Марино го одиграа 15 првенствено коло. Избраниците на Сашо Тодоровски забележаа убедлива победа во дуелот со екипата на Еуромилк. Конечниот резултат гласеше неверојатни 10:0. Четири голови постигна Дардлиша, по два М. Ѓорѓиевски, Битиќи и Ѕурѕу.

По пет погодоци во двете полувремиња, црвено-црните го надиграа својот денешен противник. Самиот резултат говори за одразот на силите на двете екипи на теренот и за надмоќта на нашите пионери. Во првиот дел по два гола постигнаа Марко Ѓорѓиевски и Саит Битиќи, додека мрежата на Еуромилк во првиот дел ја затресе и Кренарт Дардлиша. Со резултат од 5:0 заврши првото полувреме.

Во вториот дел ништо ново не се случуваше на теренот, Вардарци продолжија со својата офанзивна игра полнејќи ја противничката мрежа. Во овој дел се истакна Кренарт Дардлиша кој постигна дури три гола, вкупно четири за него на овој меч. Во листата на стрелци успеа и тоа на два пати да се запише и Никола Ѕурѕу, за конечни 10:0  на овој нерамноправен натпревар. Така Вардар ја продолжува битката за титулата со екипите на Шкендија и Шкупи. Пред ова коло имавме еден помалку од Шкендија и два бода повеќе од екипата на Шкупи.

ФК Вардар: Велковски, Петковски, Ѓорѓиески, Рамиќ, Каркалашев-Трајковски, Пешевски, Адем, Бериша, Дардлиша, Ѓорѓиевски, Битиќи.