Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар со погодоците на Трајчевски дојдоа до нова победа
Кадетите на ФК Вардар со погодоците на Трајчевски дојдоа до нова победа

Кадетите на ФК Вардар со погодоците на Трајчевски дојдоа до нова победа

Кадетската екипа на нашиот црвено-црн фудбалски колектив одигра дуел со екипата на Еуромилк во рамки на 15 коло од кадетската лига. На истиот бевме гости, а мечот се одигра на стадионот на Цементарница. Црвено-црните на овој дуел однесоа победа со резултат 3-1.

Мечот го почнавме офанзивно со цел да дојдеме до толку посакуваните три бода од овој дуел. Првото полувреме заврши со резулататска симетрија  1-1, за нас стрелец беше Гоце Насковски. Во вториот дел избраниците на  Влатко Колев тргнаа по цел плен со цел да останат конкурентни во борбата за титулата во нивната старосна категорија. Добрата игра во вториот дел успеавме да ја крунисаме со два погодока преку денес одлично расположениот за игра Трајчевски Александар. Популарниот “Робињо“  успеа да погоди во две прилики со што дојдовме до нови важни три бода за нас во борбата за титулата, оваа победа особено е значајна пред следниот тежок испит за кадетите дерби мечот дома со ФК Шкендија закажан за оваа сабота на терените во скопската приградска населба Марино.  Екипата на Еуромилк оваа сезона во кадетската лига ја победуваме вторпат, во првиот домашен дуел однесовме победа од 3-1. За црвено-црните на овој меч настапиа следниве : Зибери, Јордановски, Џуклевски, Тодоров, Скендерски, Насковски, Абдул Скор, Дишлевски, Трајчевски и Марковски.