Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар одиграа реми во гости кај Еуромилк
Младинците на ФК Вардар одиграа реми во гости кај Еуромилк

Младинците на ФК Вардар одиграа реми во гости кај Еуромилк

Денес тимот на   Еуромилк беше домаќин на  нашите младинци, во рамките на 15.коло од младинскиот шампионат во фудбал. Овој дуел се одигра на теренот на Цементарница, истиот заврши неочекувано со резулат 1-1 и ако улогата на фаворит им се препишуваше на Вардарци кои пред ова коло беа на делба на првото место на табелата со ист број на освоени бодови со екипата на Шкендија.

На денешниот дуел избраниците на Љупчо Марковски-Калц како лидери на табелата гостуваа кај тимот од скопската населба Лисиче со желба со нов триумф да ја задржат првата позиција од истата да  би го дочекале следното коло и дербито со Тетовска Шкендија на домашен терен. Сепак и покрај низата обиди во првиот дел не успеавма да “ја начнеме“ мрежата на домаќините. На петнаесет минутен одмор се замина со резулат 0-0. Во вториот дел и ако ние атакувавме на водство сепак први гол постигнаа младинците на Еуромилк кои погодија за 1-0 од белата точка. Црвено-црните се обидоа да се вратат во мечот и тргнаа офанзивно со цел да ја анулираат предноста на домашниот состав на овој меч. Успеавме да изедначиме преку нашиот напаѓач Ердон Даци , кој стрелаше рутинирано за 1-1. За жал освен овој погодок на Даци ние не успеавме да постигнеме друг до крајот на вторите 45минути со што изгубивме значајни два бода во трката за титулата, но сепак следи дербито со конкурентот закажано за во сабота на домашен терен во н.м Марино. Со Еуромилк во есенскиот дел дома однесовме победа  со 4:1. Јасир Беќири беше стрелец на два гола, по еден дадоа Кристијан Апостоловски и Ердон Даци. Црвено-црните настапиа во следниот состав денес:  Трајковски, Ричков, Јошевски, Исмаил, Личина, Додевски, Кремчески, Даци, Тасевски, Беќири и Апостоловски.