Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар го победи Работнички во градското дерби
ФК Вардар го победи Работнички во градското дерби

ФК Вардар го победи Работнички во градското дерби

Денеска се одигра ново коло во ПМФЛ. Нашиот шампион ФК Вардар го победи градскиот ривал ФК Работнички со резултат 1-0 . Голот за Вардарци ги постигнаа Којашевиќ, ова беше уште една победа во низа во походот кон титулата, следи натпревар против Силекс во Кратово овој викенд.

 Седловски се одлучи да го почне мечот со следниве играчи:28. Пачовски, 3. Попов, 6. Грнчаров, 10. Дашјан, 16. Глигоров, 18. Ќеран, 19. Хамбарџумјан, 20. Николов, 21. Новак, 70. Фелипе, 99. Којашевиќ. Во првиот дел Вардар целосно го надигра Работнички. Хамбарџумјан уште на почетокот покажа дека ќе биде најголема опасност по крилните позиции. Во 16’ Хоф продре по страна влезе откосо, додаде до Којашевиќ кој погоди за 1:0. Во првиот дел имавме и шанси преку Дашјан, Којашевиќ и Николов, но остана 1-0 по првиот дел.

uu

Започна вториот дел, се обиде со глава Ќеран но над голот, 55’ влегува Глишиќ на местото на Којашевиќ. Прв удар во рамка на гол од Работнички, во 56’ Илиевски силно по земја од слободен удар, но брани Пачовски. Во 71’ влегува Петковски на место  на Дашјан. Грнчаров упатува удар со глава по корна за црвено-црните , но за жал  брани Шишковски во 73’ од натпреварот. Уште една шанса имаме во продолжението на вториот дел 76’ Хамбарџумјан упатува  шут од слободен, но топката оди  над голот.  Романтичарите во 78’ се заканиа преку   Илиевски, но покрај голот на Томе Пачовски.  Во 80’ Сиљановски бомба удар во стативата на Пачовски, од негде 15-сетина метри. Уште една замена кај црвено-црните во   79‘  Ќеран му остапува место на Фичо Ивановски бие за малку над голот на Шишковски 3 мин. потоа. Tаа беше последна посериозна шанса  на мечот  кој заврши со 1:0 и со нова победа на Вардар.