Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2004“ на нов турнир во Бугарија, познати патниците за “Евима куп“
ФК Вардар генер. “2004“ на нов турнир во Бугарија, познати патниците за “Евима куп“

ФК Вардар генер. “2004“ на нов турнир во Бугарија, познати патниците за “Евима куп“

Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени 2004 година во периодот од 1-6 април ќе учествуваат на нов турнир во Бугарија. “Евима куп“ ќе биде следниот предизвик за избраниците на Филип Арсовски, после освојувањето на Балканика куп, кој исто така се играше во Бугарија. Црвено-црните ќе бидат во група заедно со екипите на Атаканте, Раднички, Полетерац (Србија), Сахалин (Русија) и ЦСКА Софија. Повторно “судир со ЦСКА од Софија, која ја поразивме во големото финале на Балканика куп. Екипата се наоѓа во одлична форма, што го покажуваат резултатите во пролетниот дел од сезоната во детската фудбалска лига. Оваа Вардарова генерација е единствената која има максимален број на освоени бодови во овој дел од сезоната.

Во петок наутро екипата ќе замине. Тренерот Арсовски се одлучи во Бугарија да ги понесе следниве играчи:

1. Стефан Тасев (голман)
2. Васко Василев (голман)
3. Никола Анчевски
4. Игор Јаневски
5. Марио Ричков
6. Никола Павлески
7. Сандро Каровски
8. Давид Љушев
9. Димитар Стоимов
10. Стефан Стојановски
11. Горазд Попов
12. Огнен Здравковски
13.Георг Стојановски
14. Теодор Перковски