Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прес: Барбара Лазовиќ – Имавме време да се подготвиме за овој натпревар и да го анализираме противникот. Се надевам дека со помош на публиката и домашниот терен ќе направиме добар резултат пред реваншот
Прес: Барбара Лазовиќ – Имавме време да се подготвиме за овој натпревар и да го анализираме противникот. Се надевам дека со помош на публиката и домашниот терен ќе направиме добар резултат пред реваншот

Прес: Барбара Лазовиќ – Имавме време да се подготвиме за овој натпревар и да го анализираме противникот. Се надевам дека со помош на публиката и домашниот терен ќе направиме добар резултат пред реваншот

Вардарки се само на чекор до повторен пласман  на Ф-4 завршниот турнир во женскиот сегмент од Лигата на шампионите. Денес во конференциската сала во Спортскиот Центар “Јане Сандански” се одржа прес конференција на истата присуствуваа: Претседателот на клубот Гордана Нацева, Барбара Лазовиќ и тренерот Индира Кастратовиќ.

  • Пред нас е двомеч натпреварот против Ларвик од четвртфиналето на лигата на шампиони. Вардар полека се ближи до завршниот турнир во Будимпешта, што беше примарна цел на клубот. Се надевам дека нема да се осети отсуството поради тоа што еден месец немавме натпревар. Имаме целосна доверба во играчите и стручниот штаб , тренираме напорно и се надевам дека се свесни за предизвикот кој им следува. Создадени сме за големи натпревари, токму такви ќе бидат мечевите во Скопје и Норвешка против Ларвик. Многу ќе ни виде значајна поддршката од публиката. Би било добро да дојдат во што поголем број и да го испратат Вардар на Ф4, истакна претседателот на клубот Гордана Нацева.

    vardarfans rodenden lazovicВо сабота е најбитниот натпревар за нас оваа сезона. Немаме право на лош ден и лош натпревар. Сите сме свесни за квалитетот на Ларвик. Имавме време да се подготвиме за овој натпревар и да го анализираме противникот. Се надевам дека со помош на публиката и домашниот терен ќе направиме добар резултат пред реваншот во Норвешка, рече Барбара Лазовиќ.
    Би ставила посебен акцент на публиката, која треба да биде клучот за нашиот успех. Би сакала со полна сала да ги завршиме настапите на домашен терен во ЛШ за оваа сезона. Го познаваме добро тимот на Ларвик, игравме со нив пред две сезони, каде тука одигравме нерешено а на гости ги победивме. Мораме да бидеме подготвени. Ларвик е екипа која игра подеднакво добро на свој и гостински терен, со силно темпо на игра во текот на сите 60 минути. Ние имаме квалитет максимално да одиграме во текот на целиот меч. Ларвик ќе допатува во Скопје без еден од своите најдобри ракометарки. Сепак ја имаат Нора Мерк која доста преку видеа ја анализираме и спремаме за неа посебна тактика. Позитивна страна е што имаат брз контра напад, додека како негативности во нивната игра можат да се издвојат нетрпеливоста во нападите и тоа што не сакаат груба игра. Кој ќе биде повеќе концентриран во двата меча, тој ќе излезд како победник, изјави Кастратовиќ.