Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Задоволни сме од регуларниот дел во сеха-лигата -Стоилов: Одлично се познаваме со Загреб, меѓу нас нема тајни
Гонзалес: Задоволни сме од регуларниот дел во сеха-лигата -Стоилов: Одлично се познаваме со Загреб, меѓу нас нема тајни

Гонзалес: Задоволни сме од регуларниот дел во сеха-лигата -Стоилов: Одлично се познаваме со Загреб, меѓу нас нема тајни

Денес во Вараждин се одржа прес-конференција, по повод завршниот турнир во сеха-лигата. Градот Вараждин ќе биде домаќин на најдобрите четири екипи на Балканот. Пред медиумите во пресрет на полуфиналето помеѓу Вардар и Загреб се обратија тренерите на двата тима.

-Многу сме задоволни од сезоната во сеха-лигата. Завршивме на второто место во регуларниот дел, што е голем успех. Играме против Загреб, тим кој е составен од млади, талентирани и искусни играчи. Во оваа лига се игра квалитетен ракомет и се задржува високото ниво на игра. Штербик и Горбок имаат проблеми со повреди, но мислам дека ќе бидат подготвени за настап, изјави Раул Гонзалес.

Стоилов истакна дека на овој Ф4 Вардар ќе се обиде да прикаже многу подобра игра, за разлика од завршниот турнир во Веспрем минатата сезона.

-Вардар на претходниот завршен турнир не се покажа во најдобро светло. Се надевам дека сега ќе се поправиме. Одлично се познаваме со екипата на Загреб, меѓу нас нема тајни. Очекувам добар натпревар, на кој подобриот нека победи, рече Стојанче Стоилов.

Тренерот на Загреб, популарниот Вујо даде комплименти за Вардар со напомена дека е мал фаворит, но и дека неговата екипа може секого да победи.

-Од осум најдојбри екипи во Европа, дури три ќе играат на завршниот турнир во сеха-лигата. Задоволни сме од пласманот во четвртфиналето во ЛШ, но тоа е веќе минато за нас и не размислуваме на таа тема. Медиумите го потенциираат тој успех, но ние сме фокусирани на полуфиналето во сеха-лигата. Сконцентрирани сме на мечот со Вардар кој е сјаен тим со одлични играчи. Тие се голем клуб и мислам дека се “благи“ фаворити во овој меч. Сепак сметам дека можеме да ја добиеме било која екипа во Европа, па дури и нив, рече Веселин Вујовиќ.