Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Познати противниците за ракометните екипи на Вардар, во 1/4 групи од купот
Познати противниците за ракометните екипи на Вардар, во 1/4 групи од купот

Познати противниците за ракометните екипи на Вардар, во 1/4 групи од купот

Денес во просториите на ракометната федерација на Македонија беа извлечени чевртфиналните групи од ракометниот куп на Македонија. Дури три екипи на ракометниот клуб Вардар ќе имаат можност да се борат за пласман на завршниот турнир во купот на Македонија. Само победниците од сите четири групи ќе имаат можност да се најдат на Ф4, кој е предвидено да се одигра на 14 и 15-ти мај.  Натпреварите од групите ќе бидат одиграни на 16 и 17-ти април.

РК Вардар и РК Вардар Јуниор предводен од Пепи Манасков се домаќини на своите групи, додека екипата на РК Вардар 2 предводена од Стојан Петрушевски својата група ќе ја одигра во Охрид.

Ова се извлечените групи во 1/4 од ракометниот куп:

Група 1 – домаќин: Вардар Јуниор, Скопје
Вардар Јуниор – Зомимак М
Пелистер – Младост 09

Група 2 – домаќин: Вардар, Скопје
Работнички – Вардар
Металург 2 – Македонија ЃП

Група 3 – домаќин: Охрид 2013, Охрид
Охрид 2013 – Пролет 62
Прилеп 2010 – Вардар 2

Група 4 – домаќин: Металург, Скопје
Радовиш – ХЈС Работник
Металург – ГРК Борец