Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2004“ најдобра во пролетниот дел, со голем квалитет во својата игра
ФК Вардар генер. “2004“ најдобра во пролетниот дел, со голем квалитет во својата игра

ФК Вардар генер. “2004“ најдобра во пролетниот дел, со голем квалитет во својата игра

Веќе се одиграа по три кола во пролетниот дел од детската фудбалска лига а најголем впечаток оставија “златните момчиња“ кои со прво место се вратија од силниот меѓународен турнир во Бугарија. Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2004“ година оставаат најголем впечаток во пролетниот дел од сите црвено-црни генерации кои се натпреваруваат во оваа лига. Избраниците на Филип Арсовски се единствените кои имаат максимален број на освоени бодови, но она што највеќе радува е доминантната игра и резултатите со кои завршуваат дуелите со нивните противници. Двете екипи на оваа генерација забележаа пет победи од исто толку одиграни мечеви, со неверојатна гол разлика од 31 постигнат и само 3 примени голови. Паднаа екипи како Работнички (9:1), Милано (6:0) и Шкупи (2:1).

vardarfans najdobra gener vo esenski del

Несомнено дека тренерот Арсовски располага со одличен состав, во кој има многу квалитетни поединци. Почнувајќи од голот каде го имаме Стефан Тасев, кој е сигурно еден од најперспективните млади чувари на мрежата, па се до нападот каде владее Георг Стојановски, страшно делува оваа генрација. Инаку Тасев веќе успеаа да скроти два удари од белата точка во пролетниот дел, додека Стојановски продолжува да ги полни противничките мрежи. Големата дисциплина во играта на младите Вардарци, која ја диктира тренерот Арсовски се повеќе донесува резултати. Не се само Тасев и Стојановски играчите од кои зависи овој состав, тука има уште многу надежни момчиња кои во иднина треба многу повеќе да се слуша за нив. Капитенот Игор Јаневски, потоа Горазд Попов, стоперот Никола Павлески, бекот Марио Ричков, играчот од средниот ред Сандро Каровски, крилата Димитар Стоимов и Никола Анчевски, како и малиот и брз Огнен Здравковски  се само дел од играчите кои носат дополнителен квалитет во играта на Вардарци. Сепак целата екипа  има улога во добрите резултати во вториот дел од натпреварувачката сезона, тимот функционира како целина како едно семејство, кое ве воодушевува со својата игра на теренот. Секој од играчите максимално се труди да покаже и професионално одговори на поставените тактики од страна на тренерот Арсовски.

Затоа и оваа Вардарова  генерација е најдобра во пролетниот, се очекува победничката серија да биде продолжена и во сабота. Следни противници за нашите млади надежи се екипите на Нова Колонија и Викторија. Во претходното коло бевме убедливи во дуелот со тимот на Гоблен (Куманово) забележувајќи триумф од 9:1. Сите овие податоци ја прават генерацијата родени “2004’ година да биде во нашиот избор за најдобра, по првите неколку одиграни пролетни кола во детската лига.

Звонко Ивановски