Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар (2) генер. “2004“ се шампиони на Македонија во детската лига
Вардар (2) генер. “2004“ се шампиони на Македонија во детската лига

Вардар (2) генер. “2004“ се шампиони на Македонија во детската лига

Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија се одиграа финалните натпревари во детската лига. Генерација родени “2004“ година освоија прво и трето место на завршниот турнир во ова натпреварување.

Вардар (2) генер. “2004“ успеа да направи голем подвиг на завршните натпревари во детската лига и да стане шампион на Македонија. Во денешното финале избраниците на Филип Арсовски беа подобри од екипата на Брегалница од Штип. Конечниот резултат на овој финален меч гласеше 3:1.

Повеќе од заслужена победа за оваа Вардарова екипа, која доминираше во текот на целиот меч. Започнавме офанзивно, без никаков респект кон противникот. Имавме можност рано да го отворите резултатот, но Брегалница имаше голема среќа во почетните минути. Теодор Перковски најпрво ја погоди стативата од голот на Брегалница, за потоа и Давид Љушев да бие во пречката. Црвено-црните имаа целосна доминација, а таа набргу вроди со плод. Противникот направи три корнери, по што судијата покажа на белата точка. Јунакот на овој меч, Марио Сурлов беше сигурен реализатор од пенал, за водство на Вардар од 1:0. Тука не застанавме и продолживме со атак кон голот на Брегалница. Исмет Хајдари се најде во можност да погоди, но противничкиот чувар на мрежата со крајни напори го брани неговиот удар. Нов погодок за Вардарци на овој меч, за веќе предност од 2:0. Стрелец на голот беше Теодор Перковски. Конечно и Брегалница се закани кон нашиот гол, но топката завршува покрај голот на Василев. Првиот дел заврши со резултат 2:0.

Вториот дел започна со  удар на Марио Сурлов покрај голот на Брегалница. Противникот успева да погоди и да намали на 1:2. Силен удар, Васко Василев ја имаше топката во своите раце, но заврши зад неговиот грб. Јунакот на овој меч, Марио Сурлов повторно погодува и тоа од нов удар од белата точка, откако Брегалница направи три корни. Резултатот веќе беше 3:1, а до крајот останаа уште 5 минути. Брегалница се обиде во последните минути да направи нешто, но беше се залудно. За да биде победата уште послатка се погрижи нашиот “херој“ Васко Василев, кој брани удар од белата точка за противникот. Заврши натпреварот со конечни 3:1.

vardarfans najdobar golman

На доделување на трофејот и наградите, признание за најдобар голман во генерација “2004“ доби Вардаровиот голман и херој Васко Василев.

Вардар (2) направи несомнено голем успех на овој завршен турнир во детската лига. Во четвртфиналето бевме подобри од екипата на А. Паденв по изведувањето на пенали, додека во полуфиналето ја совладавме екипата на Дарданет. Честитки за овие м0мчиња и нивниот тренер Филип Арсовски.