Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар го декласираше Металург, за нова титула!
Вардар го декласираше Металург, за нова титула!

Вардар го декласираше Металург, за нова титула!

Денеска и официјално ЖРК Вардар стана старо – нов шампион на Македонија. Попладнево во спортската сала во Автокоманда се одигра натпреварот во рамките на 7 коло од Супер лигата во женска конкуренција. И на овој натпревар нашите девојки лесно, и според очекувањата го добија тимот на ЖРК Металург со убедливи 45-24.

Домакинот на овој дуел пружи отпор само во првите 10-тина минути, потоа почна машинеријата наречена ЖРК Вардар. Вардар од 11 минута се до крајот на првиот дел од минута, во минута ја зголемуваше предност за на полувреме да изнесува високи 21-11. Во вториод дел Вардарки уште повеќе ја зголемуваа предноста, за во 40 минута таа да изнесува високи 16 голови предност. Во вториот дел добија шанса сите ракометарки. На крајот резултатот гласеше 45-24 за Вардарки.

Најефикасни во Вардар беа: Лазовиќ (7), Пенезиќ (6), Ихнева (5), Радичевиќ (5), Дембеле (5), Черноиваненко (5).  Честитки до ЖРК Вардар за освоениот трофеј!