Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Трето место за Вардар (1) генер. “2004“ во детската фудбалска лига
Трето место за Вардар (1) генер. “2004“ во детската фудбалска лига

Трето место за Вардар (1) генер. “2004“ во детската фудбалска лига

Фудбалскиот клуб на Вардар (1) генерација родени “2004“ година го освоија третото место на завршниот турнир во детската лига. Оваа Вардарова екипа денес во борбата за третото место беше поуспешна од екипата на Дарданет. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 8:0 во корист на Вардарци.

Конечниот резултат ја отсликува ситуацијата на теренот и силата на двете екипи. Вардра беше надмоќен на овој натпревар и заслужено го освои третото место. Први се обидоа Горазд Попов и Огнен Здравковски, но резултатот сеуште не беше отворен. Сепак не се чекаше многу на првиот погодок. Голгетерот на оваа екипа, Георг Стојановски ја отвори серијата на погодоци на овој меч. Најпрво удар упати Огнен Здравковски, противничкиот голман одбрани, но на одбиената топка наиде Георг за водство од 1:0. Шансите се редеа како на “филмска“ лента, нов удар упати Горазд Попов, но голманот сега е поуспешен. Огнен Здравковски погодува за 2:0, со удар од белата точка. Марио Ричков имаше можност од истово место да погоди за зголемување на резултатот, но противничкиот голман го брани неговиот удар. Георг Стојановски повторно се запишува во листата на стрелци, за предност од 3:0. Успешно со глава ја смести топката во голот, откако беше изведена корна. Истиов играч набргу зголемува и на 4:0, започна акција од левата страна додаена топка до Георг кој не греши во завршниот удар. Уште два погодоци до крајот на првиот дел и повторно во мрежата на Дарданет. Најпрво Горазд Попов зголемува на 5:0, за серијата во првиот дел да ја заокружи Георг Стојановски за предност од 6:0.

Во второто полувреме, црвено-црните повторно беа подобра екипа на теренот. Втор погодок на овој меч за Горазд Попов, за зголемување на резултатот на 7:0. Продолживме со обидите да го загрозуваме голот на Дарданет. Стојановски имаше неуспешен обид за лоб удар, додека Здравковски ја погоди пречката. Повторно серијата на погодоци и во второто полувреме ја затвара Георг Стојановски , за конечен резултат од 8:0.

vardarfans treto mesto

Голем успех за оваа Вардарова генерација предводена од Филип Арсовски, кои освоија прво и трето место на завршниот турнир во детската лига. Честитки за сите момци кои оставија среце на терен. Најдобар стрелец во оваа генерација на завршниот турнир е нашата голема надеж Георг Стојановски.