Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија се одигра последното коло од регуларниот дел на детската лига, кај генерација родени “2004“ година. Двете екипи на Вардаровата генерација “2004“ забележаа две нови победи и со максимален број на освоени бодови го завршија овој дел од сезоната.
Најпрво на теренот излезе екипата на Вардар (2) која за противник го имаше тимот на Шкупи. Се се случи во првото полувреме, кога беа постигнати сите голови на овој дуел, кој заврши во корист на црвено-црните со резултат 2:1. Екипата од Чаир прва успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1, по една грешка на нашата одбрана, немоќен беше нашиот голман Василев кој беше принуден да ја вади топката од својата мрежа. Имавме можност брзо да вратиме, но Димитар Стоимов биеше покрај голот. Избраниците на Андовски полека се соземаа од почетната негатива и започнаа да атакуваат кон голот на Шкупи. Нова шанса имаше Гуџуфи, но неговиот удар го брани голманот.
Врати на спротивната страна Шкупи со удар со глава, кој заврши над нашиот гол. Не траеше долго водството на противникот, бидејќи Гуџуфи успеа да погоди и да го израмни резултатот на 1:1. Следеше нова акција на Вардарци и набрзина нов погодок во мрежата на тимот од Чаир. Успешен реализатор беше Матео Софијаноски, откако му асистираше Гуџуфи. До крајот на првото полувреме, Шкупи имаше две добри шанси да постигне гол, но Васко Василев со одлични одбрани спаси израмнување на резултатот. Имаше можност кај нас Гуџуфи но резултатот остана непроменет. По првото полувреме резултатот беше 2:1.
Второто полувреме изобилуваше со црвста игра на двете страни, во овој период ниту една екипа не успеаа да ја затресе противничката мрежа. Прва прилика во вториот период имавме преку Никола Павлески кој се обиде со удар од дистанца да ја затресе мрежата на екипата од скопски Чаир. Потоа од дистанца се обиде и Теодор Перковски, сепак и неговиот удар беше скротен од голманот на екипата на Шкупи.
Од слободен удар откосо шутна Павлески сепак неговиот удар во последен момент го исфрли одбраната од гол линијата. Последна прилика за нас и воопшто на мечот ја имаше Матеј Богдановски чии удар голамот на Шкупи го исфрли во корнер. Нашите момци дојдоа до нова победа и останаа непоразени на овој дуел.
Во вториот меч ФК Вардар (1) генер. 2004 се сретна со екипата на Милано од Куманово. Прва прилика имавме преку Горазд Попов кој се обиде со глава, сепак топката не заврши зад грбот на противничкиот голман. Потоа Георг Стојановски имаше шанса која голманот на кумановчани ја исфрлија во корна. Прилики две во продолжение за нашиот противник, сепак на нашиот гол одличен беше Тасев Стефан кој покажа дека е голем талент. Горазд Попов се обиде во продолжение, сепак нивниот голман го сопра ударот на црвено-црниот фудбалер. Последна прилика во првиот дел ја имаше Огнен Здравковски чии удар не додесе предност и на одмор заминавме со 0-0 резулат.
Вториот дел почна со погодок веќе по само 2 минути игра Геор Стојановски беше сам на 20сетина метра отиде во соло продор и реализираше за 1-0. Потоа следеа “два студени туша“. искористувајќи ја конфузијата во нашата одбрана Милано изедначи најпрвин на 1-1. Потоа веќе во следната шанса кумановчани усепаа да поведат и со 1-2. Нашите момци тргнаа во продолжение на се или ништо напаѓавме постојано бевме во атак со цел д анаправиме пресврт. успеавме преку Огнен Здравковски кој беше таличен за кумановчани. Најпрвин по една конфузија во нивната одбрана топката дојде до Георг кој се ослободи од чуварот и погоди за изедначување 2-2. На минута пред крајот поради постојаната наша офанзива кумановчани исфрлаа често во корна, по три корни добивме “казнен удар“. Одлично истиот Георг Стојановски го претвори во погодок за нас. Со неговиот гол за 3-2 дојдовме до нова, овојпат тешка и минимална победа. Сепак на нешето конто впишавме нови три бода и останавме непораени оваа сезона.
Со овие две победи заврши регуларниот дел од сезоната за оваа наша генерација која го брани шампионскиот примат од минатата сезона. После ова ги очекуваат елиминациските мечеви и борбата за нова титула.