Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Вардар Јуниор лига: Момците на Филип Вардар и Гостивар Вардар се финалистите во генер.2000/01

Вардар Јуниор лига: Момците на Филип Вардар и Гостивар Вардар се финалистите во генер.2000/01

Денес во СЦ „Јане Сандански“ се играат полуфиналните мечеви во Вардар Јуниор лига. Екипите на  Филип Вардар и Гостивар Вардар се финалистите во машка категорија во генерацијата 2000/2001. Финалето е закажано за во 15-00 часот. Избраниците на Александар Tаневски екипата на Филип Вардар го победи Урдаревски Вардар со 12:9 (7:4) , а пак Гостивар Вардар беше подобар од Општина Кисела Вода Вардар со 23:21 (13:11) во другото полуфинале.

Во првото полуфинале се сретнаа Филип Вардар и  екипата на  Урдаревски Вардар. Прилепчани дојдоа до триумф со кој закажаа борба за “злато“. Први со гол мечот го отворија скопјани, по што Филип Вардар одговори со погодок за 1-1.  Потоа со серија 2-0 прилепчани поведоа со 3-1. Се играше гол за во продолжение, момците од прилепскиот тим доминираа и го котролираа резултатот. Тие на одмор отидоа со предност од 7-4.

t

Вториот дел први со гол го отворија момците РК Филип Вардар кои поведоа со “плус четири“ 8-4. На средината од вториот период дојдоа прилепчани на највисоката разлика “плус пет“ односно 10-5. Во последните десет минути скопскиот тим се обиде да се врати, сепак само го ублажи поразот . Момците на Таневски триумфираа со 12-9 на крајот. Свртинов Михаел со 4 гола беше прв стрелец кај победникот, а кај поразените Левајковски и Јовчевски имаа по 2 гола.

Во вториот полуфинален меч кај момците во генерација 2000/2001 Гостивар Вардар беше подобар од Општина Кисела Вода Вардар. Први со гол мечот го отворија гостиварчани кои поведоа со 1-0, веднаш скопските ракометари изедначија на 1-1.  Се играше постојано нерешено беше 2-2, па 3-3 и на крајот 4-4 на средината од првиот дел. Гостиварчани со серија 2-0 поведоа со 6-4 ова беше првапат една екипа да успее да се одлепи. Следеше голејада во продолжение двата тима постигнаа по седум гола во противничките мрежи и на одмор се замина со 13-11 предност на ГРК Гостивар.

7 8

Вториот дел со три гола го отворија ГРК Гостивар тие со оваа фуриозна серија 3-0 на почетокот поведоа со 16-11 и со овие “плус пет“ најавија дека ќе одат на побед аи палсман во финалето во оваа генерација. Се до последните пет минути оваа предност не беше загрозена се играше гол за гол а во последните пет минути од мечот влеговме со резулат 22-17.  Скопјани се обидоа со голем притосок во играта на крајот да се вратат и да направат чудо, тие одиграа одлично направија серија 1-4 која сепак беше доволна за низок пораз. Екипата на ГРК Гостивар Вардар триумфираше со резулат 23-21. Кај победникот Благој Илиевски беше најдобар стрелец со 8 гола, кај поразените Ведран Димков погоди 7 пати.