На терените на ФФМ денес ФК Вардар (1) генерерација 2005 година се сретна со екипата на Албион. Во овој натпревар од детската лига избраниците на Игор Кралевски дојдоа до победа со 5-0 (2-0) и до нови бодови за нив.
Мечот го почнавме офанзивно со постојана теренска инцијатива во текот на првите воведни пет минути. Прва прилика за црвено-црните имаше Здравковски Симе кој се обиде, но не успеаа да погоди. Потоа капитенот Никола Величковски беше во соло продор, одлично исфрли неколку играчи на Албион сепак неговиот удар заврши крај голот. Прилика имавме и преку Ѓорѓи Дошев чии обид заврши крај голот на нашиот противник. Никола Величковски повторно беше во соло продор одлично шутна, голманот на Албион исфрли во нова корна за нас. На сцена стапи Филип Јовановски тој постигна гол за 1-0 по една соло акција со што го отвори резултатото на овој дуел, тој упати удар од 10 метри и погоди. Потоа добивме казнет удар поради три корни истиот играч беше смирен и погоди крај левиот дирек, со овој негов погодок ние го удвоивме нашето водство. Јовановски ја имаше и последната прилика во првиот дел тој шутна од 12-13 метра одкосо топката заврши крај голот. Со предност од 2-0 отидовме на одмор.
Вториот дел почна како и првиот со целосна наша доминација на теренот. Капитенот Никола Величковски впиша две прилики на почетокот на вториот дел. Во правата негова шанса тој беше сам на сам со голманот и не погоди, во втората прилика имаше соло продор кој беше исфрлен во корна за црвено-црните фудбалски надежи. Напаѓавме постојано Гаштаров Матеј имаше зрела прилика во продолжение сепак голманот исфрли во корна. Истиот играч минута потоа даде одлична асистенција до Никола Величковски кој шутна над голот од само 5-6 метра. Сепак дојде крај на промашувањата на Никола Величковски, тој од пенал шутна силно крај дресниот директ за наша предност од 3-0 и најави висока победа со овој негов гол. Одличен гол за наша предност во продолжение постигна Давор Лефковски, кој рутинирано погоди за наша предност со 4-0 на овој дуел. Докрајот за одбележување се уште два интересни моменти во првиот Горјан Цветков имаше одлична прилика која ја одбрани голманот. Во втората прилика Матеј Гаштаров одлично погоди за 5-0 со што беше ставена точка на овој натпревар и беа освоени нови три бода.