Денеска на теренот на Алумина се одигра дерби натпреварот од кадетската лига. Нашиот Вардар за жал беше поразен на денешниот натпревар од лидерот на табелата, тимот на Работнички со резултат 5:2. Со овој пораз нашиот тим и дефинитивно ги губи шансите за титула.
Натпреварот тргна одлично за домаќинот, а лошо за нашиот тим. Веќе во 4. минута тимот на Работнички дојде до предност од 1:0, по еден лош пат, нашиот голман Малик Зибери се повреди. Тренерот Колев уште во 4.минута мораше да направи принудна замена. Потоа набргу дојде и вториот гол на Работнички, еден противнички играч упати еден удар малку од косо, топката допре еден наш играч и влезе во нашата мрежа. Во следната акција Вардар намали на 2:1 со гол на Дејан Стоименов. До крајот на првиот дел тимот на Работнички не застана, успеа да постигне уште два погодоци, за на пауза да замине со високи 4:1. четвртиот погодок на Работнички беше поклон од нашиот голман Денковски кој направи голем кикс.
Во вториот дел и двата тима тргнаа со по споро темпо за разлика од првиот дел. На почетокот на второто полувреме тренерот Колев во игра уфрли и двајца свежи играчи, но и тие двајца не беа расположени за игра денеска. Некаде на средина на вториот дел беше досуден пенал за домаќинот. Топката ја зеде и прецизно биеше Марио Станковски за веќе недостижна предност од 5:1. До крајот на натпреварот единствениот расположен играч кај Вардар, Дејан Стоименов постигна погодок за 5:2. Со овој резултат заврши натпреварот.