Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите со победа на турнирот во Бих, кадетите поразени и ќе се борат за “бронза“

Пионерите со победа на турнирот во Бих, кадетите поразени и ќе се борат за “бронза“

Пионерската екипа  на РК  Вардар на турнирот во БиХ ја победи екипата на Слога со 17:16 (7:8). Со ова си обезбеди натпревар во кој ќе се бори за петтото место на овој силен меѓународен турнир. Од почетокот на натпреварот иницијативата ја имаше противникот кој поведе со 0-2, а потоа и со 1-3.  Со двата гола на Чакалиќ Бојан изедначивме на 3-3  во 5.минута.  Постојано противникот во првиот дел поведуваше со еден гол ние постојано изедначувавме. Во финишот влеговме со резултат 7-7, а противникот постигна гол во последната минута и со предност 7-8 замина на одмор.

pio2 pio3

Со голот на Бојан Чакалиќ во првата минута од вториот дел изедначуваме на 8-8.  По голот за нивно водство од 8-9, истиот играч повторно изедначува на 9-9.  Се играше гол за гол во продолжение постојано во 28 минута со голот на Борис Павлевски изедначивме на 15-15. Нашиот противник успеа да погоди и поведе со 15-16 на минута до крајот.  Дамјан Димитревски со еден луциден удар изедначи на 16-16, во одбраната одигравме добро. Во последната прилика кој друг ако не Бојан Чакалиќ тој погоди за 17-16 за нас и победа во овој дуел. Кај нас стандардно прв стрелец Чакалиќ, тој постигна 8 гола на овој меч. Борис Павловски и Дамјан Димитревски помогнаа по три погодоци.

kad2

Кадетите предводени од Слободан Чивлачки и Кристијан Грчевски во полуфиналето се сретнаа со екипата на РК Извиѓач. Нашите момци претрпеаа пораз во овој дуел тие ќе се борат за “бронзата“. Црвено-црните во овој натпревар беа поразени со резултат 28-19. На почетокот нашите момци водеа на овој дуел потоа со серија 1-11 екипата на нашиот противник поведе со 2-11. Сепак ние малце ублаживме и на одмор заминавме со 15:10.  Вториот дел повторно нашиот противник беше подобар и дојде до висока победа. Кај нас Ален Ќосевски постигна 6 гола, а Антониј Мисаиелски постигна 5 гола.

kad