Нова победа за Вардаровата генерација “2004“ во детската лига. Денес во рамките на седмото коло натпревар одигра само Вардар (1) кој триумфираше во мечот со екипата на Албарса.
Теодор Перковски ја имаше првата голема шанса на овој натпревар, кој со глава биеше во стативата од противничкиот гол. Од левата страна нафрли Ричков, немавме среќа во оваа ситуација. Во следната акција се обиде и Исмет Хајдари. Вардар уште од стартот најави дека ќе атакува со сите сили на голот на Албарса. Пред постигнување на првиот гол, шанса имаше Матео Софијаноски. Истиов играч во следната акција реализира за водство од 1:0. Најпрво биеше со глава, голманот го одбрани првиот удар, но од втора Матео не греши за отварање на резултатот. Продолживме со офанзивната игра, во нова шанса се најде Теодор Перковски кој бие во рацете на голманот. Матео Софијаноски можеше да стигне до својот втор гол, но неговиот удар завршува во стативата од голот на Албарса. Денес одличен натпревар одигра Исмет Хајдари, кој претрча многу на теренот и беше еден од “моторот“ на екипата и главен организатор на акциите. Софијаноски повторно во центарот на вниманието, овој пат ја погодува стативата. Добрата игра, Хајдари ја крунисува со погодок за предност од 2:о. Со овој резултат се замина на полувреме.
На стартот на второто полувреме успеваме да зголемиме на 3:0 со голот на Теодор Перковски. Нова шанса за Вардар, упати удар Софијаноски, голманот одбрани, на втора наиде Каровски кој бие над голот на Василев. Албарса сепак успеа да постигне почесен гол и да го намали резултатот на 3:1. Хајдари во нова одлична акција, ова момче сам повлече од противничката половина излезе сам со голманот на Албарса и ја сметува топката во голот за убедливи 4:1. Следиме нов втор гол за Перковски на овој меч за зголемување на резултатот на 5:1. Прв гол на овој дуел и за Марио Ричков за водство од 6:1. За победата да биде поубедлива се погрижи Матео Софијаноски кој реализираше од белата точка, за конечен резултат од 7:1.