Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЈУНИОР ЛИГА: Победа за РК Будимир кај момците и Опш. К.Вода-1 кај дамите во генер.2004/05
ЈУНИОР ЛИГА: Победа за РК Будимир кај момците  и Опш. К.Вода-1 кај дамите во генер.2004/05

ЈУНИОР ЛИГА: Победа за РК Будимир кај момците и Опш. К.Вода-1 кај дамите во генер.2004/05

Во спорската сала Кале денес се одигра второто коло во ракометната Вардар Јуниор лига. Кај генерацијата родени 2004 и 2005 се одигра еден машки и еден женски дуел. Победници кај дамите беа Опш.Кисела Вода-1 , а кај момците триумф однесоа РК Будимир Вардар .

Во женскиот дуел се сретнаа екипите на Општина Кисела Вода-Вардар-3 и Општина Кисела Вода-Вардар -1. Поуспешни беа девојките од екипата еден. Први поведоа девојките од Општина Кисела Вода-Вардар -1 со гол за 0-1, веднаш нивните колешки изедначија на 1-1. Тимот на екипата “еден“ на Општина Кисела Вода прави серија 0-3 и во финишот поведува со 1-4. Девојките од “тројка“ имаа прилика но не го намалија резултатот тоа беше казнето со гол за 1-5, резултат со кој се замина на одмор.
Општина Кисела Вода-3 намали веднаш на почетокот со гол за  2-5. Тоа беше се што направија во вториот дел бидејќи до крајот на вториот период не постигнаа друг погодок. Општина Кисела Вода-Вардар 1 успеа да не прими гол до крајот, а водено успеаа да постигне нови пет погодока во продолжение . Тие триумфираа со 2-10. Во нивниот табор најефикасни беа: Наталија Максимовска и Зорица Андовска со по три гол.

Во машкиот дуел кај генерација 2004/05 се сретнаа екипите на РК Будимир Вардар- РК Урдаревски Вардар. Поуспешни беа избраниците на Андријана Будимир во овој дуел. Мечот со гол го отворија момците на Будимир, веднаш Урдаревски успеаа да изедначат. Во петтата минута се влезе со реми исход 2-2, по тоа следеше серија од три гола на Будимир Вардар.  Тие поведуваат со 5-2 по серијата која ја направија , играјќи одлично во одбраната казнувајќи во напад. Докрајот се играше гол за гол на двете страни, двата тима постигнаа по два гола во мрежата на противникот за резулат 7-4 со кој се замина на одмор.
Вториот дел почна со серија 0-2 за Урдаревски намалуваат, намалувајќи на 7-6 и внесувајќи неизвесност на овој дуел во Кале. Сепак момците од екипата на Будимир не се подготвени да ја препуштат предноста прават серија 4-2 поведувајќи 11-8. Тоа беше круцијално за нивната победа во продлжение, до крајот Урдаревски намали на 11-9 резултат со кој се заврши мечот. Најефикасен кај победникот беше Кирил Симоновски со три гола, кај тимот кој беше поразен одличен беше Благоја Петровски со дури пет гола.