Пред нас е есенскиот дел во детската фудбалска лига, со исклучок на претстојниов викенд каде треба да се одигра последното коло кај генерацијата родени “2007“ година. Први кои ја финишираа полусезоната во ова натпреварување беше генерацијата на ФК Вардар родени “2004“ и “2006“ година. Во следниот текст ќе направиме комплетен преглед на резултатите на оваа надежна генерација која го брани трофејот освоен од минатата сезона. Двете екипи на Ане Андовски одиграа девет кола, од кои во едно беа слободни. Со стопроцентен ефект Вардар (1) и Вардар (2) го завршија есенскиот дел од сезоната на првото место и се промовираа во есенски шампиони. Вардар (1) забележа осум победи од исто толку одиграни натпревари. Гол разликата во овој дел од сезоната е 50 постигнати и 6 примени погодоци.
Состав на Вардар (1): Васко Василев, Наум Ангелов, Максим Милошевски, Никола Павлески, Матеј Богданоски, Марио Ричков, Исмет Хајдари, Матео Софијаноски, Сандро Каровски, Теодор Перковски, Стефан Стојановски.
Сите постигнати резултати на оваа екипа во првиот дел од натпреварувачката сезона:
1 коло: Вардар – Сарај 5:1
2 коло: Вардар – Фортуна 3:1
3 коло: Вардар – Смилковци 8:0
4 коло: Вардар – Шкендија А. 11:1
5 коло: слободни
6 коло: Вардар - Куманово 10:1
7 коло: Вардар – Албарса 7:1
8 коло: Вардар – Кул Здравје 4:1
9 коло: Вардар – Милано 2:0.
Што се однесува до листата на стрелци кај оваа екипа, неа ја предводи Матео Софијаноски кој има постигнато 20 голови. Втор е Теодор Перковски со 8, додека третото место го зазема Сандро Каровски кој зад своето име запиша 6 погодоци.
Комплетна листа на стрелци кај екипата на Вардар (1):
1. Матео Софијаноски 20
2. Теодор Перковски 8
3. Сандро Каровски 6
4. Исмет Хајдари 5
5. Никола Павлески 4
6. Марио Ричков 3
7. Матеј Богдановски 2
8. Стефан Стојановски и Максим Милошевски по 1 гол.
Уште поимпресивни резултати оствари Вардар (2) од истава генерација која исто така имаше максимален број на освоени бодови и со осум победи како и нивните осиграчи од Вардар (1). Сепак тие постигнаа многу повеќе голови, или вкупно 79 додека во својата мрежа примија само 3, од кои 2 беа во последното есенско коло. На претходните натпревари само еднаш беше затресена мрежата на Тасев, што говори за супериорноста на црвено-црните.
Состав на Вардар 2: Стефан Тасев, Игор Јаневски, Марио Сурлов, Никола Анчевски, Димитар Стоимов, Давид Љушев, Огнен Здравковски, Горазд Попов, Марко Софијаноски, Георг Стојановски, Лука Ивановски.
Како одигра ова екипа во есенскиот дел, ова се нивните резултати:
1 коло: Вардар – Форца 10:0
2 коло: Вардар – Кул Здравје 10:0
3 коло: Вардар – Њу Старс 9:0
4 коло: Вардар – Работнички 9:1
5 коло: Вардар – Њу Јорк 25:0
6 коло: Вардар – Спорт Ефе 4:0
7 коло: слободни
8 коло: Вардар – Викторија 7:0
9 коло: Вардар – Шкупи 5:2
Георг Стојановски е неприкосновен што се однесува до ефикасноста во оваа екипа. Ова момче продолжува да руши рекорди постигнувајќи дури 39 погодоци за една полусезона, со што убедливо е на првото место. Втор на оваа листа е Марко Софијаноски со 14, додека Горазд Попов е трет најдобар стрелец со 11 погодоци.
Комплетна листа на стрелци кај екипата на Вардар (2):
1. Георг Стојановски 39
2. Марко Софијаноски 14
3. Горазд Попов 11
4. Димитар Стоимов 6
5. Никола Анчевски 4
6. Марио Сурлов 3
7. Огнен Здравковски 2
Според редакцијата на Вардар Фанс која секое коло беше присутна на натпреварите во детската лига, најдобар и најдопадлив фудбал одиграа токму избраниците на Ане Андовски. Бројките и фактите говорат дека одиграа крајно офанзивен фудбал, доминантен на секој дел од теренот. Секој играч почнувајќи од голманите па до напаѓачите даде свој придонес во остварените резултати на Вардаровата генерација родени “2004“ година. Честитки за успешната полусезона со надеж дека на крајот ќе ја одбранат титулата од минатата сезона.