Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2005“ го освои второто место во детската лига
ФК Вардар генер. “2005“ го освои второто место во детската лига

ФК Вардар генер. “2005“ го освои второто место во детската лига

Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија се одиграа финалните натпревари во детската лига. Вардаровата генерација родени “2005“ го освоија второто место, откако во големоот финале беа поразени од екипата на Форца. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 1:3.

Фудбалскиот расадник за млади таленти, екипата на Форца денес беше подобрата екипа на теренот и заслужено го освои првото место. Во средината на првиот дел, тимот на Форца успеа да го отвори резултатот на овој меч и да поведе со 0:1. Нашите млади надежи се обидуваа во продолжение да играат подобро и да постигнат погодок. Давор Лефковски и Филип Јовановски беа најактивни во овој дел од мечот, но нивните удари завршуваа покрај противничкиот гол. Форца имаше нова шанса, но Вардаровиот голман Леонид Илиевски не дозволи нов гол во својата мрежа. Сепак до крајот на првиот дел, Форца успева да постигне уште еден гол и со предност од 0:2 да го заврши првото полувреме.

Во вториот дел по еден гол на двете страни. На нашиот гол застана Марко Бреслиев, кој имаше неколку одбранети удари. Форца става крај на ова големо финале, откако успеа да постигне и трет погодок во нашата мрежа. До крајот на мечот, Вардар успева да постигне почесен гол, дело на Горјан Цветков и да го намали резултатот на 1:3, што беше и конечен на овој меч.

vardarfans dodeluvanje nagradi (2)

Сепак и второто место на државно ниво е голем успех за избраниците на Зоран Петковски. Имавме напорна сезона, момците имаа доста натпревари. Тука е “Вардар Јуниор“ лигата, каде претстојат уште два турнири за одигрување.