Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2002 “сребрени“ во детската лига
ФК Вардар генер.2002 “сребрени“ во детската лига

ФК Вардар генер.2002 “сребрени“ во детската лига

Денес свое финале одигра и ФК Вардар генер.2002 , кои во финалниот меч кај највозрасната категорија во детската лига се сретнаа со ФК Академија Пандев. Во интересен дуел за жал бевме  поразени од А.Пандев со 2-1. По овој пораз сме второпласирана екипа во Македонија во оваа возрасна генерација.

Мечот почна со испитување на силите на двете страни, топката се движеше по средината на теренот во првите десетина минути без поголема шанса за одбележување. Први се обидоа во 12 минута играчите на Пандев да се заканат, тие шутнаа крај голот на Величковски. Прв погодок на мечот го постигнаа струмичани по една кардинална грешка на вардаровиот голман Величковски Матеј, за водство од 1:0. Пандев повторно во атак имаат уште една голема шанса од слободен удар, го натфрлаат живиот ѕид, но сега одлично брани Величковски. Ние се обидуваме да изедначиме во продолжение но нашите шанси незавршуваат со гол. Повторно по грешка на играч на вардарци овој пат Дамјан Трајаноски, струмичани поведуваат со 2-0. Голема прилика за нас имаме кога Трајановски додава до Атом Фазлиу кој искача сам на сам со голманот и не погодува, сепак во продолжение истиот играч со борбена игра ја одзема топката и погодува за 2-1. Овој резулат се покажува како краен за првиот период.

Во вториот дел се обидовме да се вратиме во игра напаѓавме за да зиедначиме и натпреварот да го решаваме по регуларниот дел. Голем проблем за нас беше вториот жолт картон за Виктор Крстевски поради кој останавме речиси половина полувреме со играч помалку на теренот. Дамјан трајановски по корнер во вториот дел ја имаше најсериозната шанса, за жал топката заврши во гредата од голот на Академија Пандев. До крајот на мечот се обидовме , за жал не успеавме да погодиме и бевме поразени минимално.

vardrafans ilievski najdobar strelec

ФК Вардар генерација 2002 оваа сезона во детската лига ја заврши како “сребрена“ пласирајќи се на второто место во земјава, Марио Иливски ја доби наградата за најефикасен на завршниот турнир во оваа категорија. Редакцијата на Вардар фанс му ја честита наградата и на останатите момци им го честита второто место во земјава што воопшто не е мал успех во оваа категорија која е највозрасна од сите во детската лига.