Thursday ,25 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на Вардар поразени од Партизан сo 3:1
Пионерите на Вардар поразени од Партизан сo 3:1

Пионерите на Вардар поразени од Партизан сo 3:1

Пионерите на ФК Вардар денеска го имаа својот прв настап на турнирот на “пријателство“ во Бијелина (БиХ). Денеска нашите момци го одиграа првиот натпревар од овој турнир, против тимот на белградски Партизан. За жал нашите шампиони овој натпревар го загубија со резултат 3-1 (1-1).

Во првиот дел Партизан имаше повеќе од топката во свој посед, а нашите момчиња својата шанса ја чекаа од контра и полуконтра напади. Веќе во 5 минута Партизан поведе со 1-0 со голот на стоперот Вјештица. Во 26 минута по една украдена топка на средината од теренот, топката стигна до Марко Ѓорѓиевски кој погоди за 1-1. Со овој резултат се отиде на пауза.
Во вториот дел нашите момци имаа одлична шанса преку Битиќи во 32 минута да дојдат до големо водство, но изблокиран беше ударот на Битиќи. Одма потоа следуваше и гол за Партизан, и повторно Вјештица од прекин успеа да погоди. Еден центаршут дојде до него, кој повторно беше сам и погоди за 2:1. Во 38 минута од мечот Зибери имаше одлична одбрана. Веќе во 50 минута преку Новиќ Партизан погоди за високи и недостижни денеска 3:1. Со овој резултат и заврши мечот.

Утре следува натпревар против тимот на Осјек, кој денеска ремизираше 1:1.