Генерација 2005 ја заврши сезоната во детската лига на второто место. Оваа генерација која ја предводи тренерот Зоран Петковски се натпреваруваше со две свои екипи во лигата, поделени како Вардар (1) и Вардар (2). Ждрепката сакаше двете екипи да се сретнат во елиминациските мечеви, по што едната екипа се збогуваше од понатамошни натпревари во лигата. Иако мора да се напомене дека поедини играчи од Вардар (2) добија можност да играат за Вардар (1) на завршните натпревари. Во големото финале за противник ја имавме Форца, која беше подобра од црвено-црните. Подетално ќе ве запознаеме со остварените резултати на двете Вардарови екипи во пролетниот дел од сезоната. Вардар (1) единствените порази ги забележа токму во овој дел од сезоната, откако во есенскиот дел имаше максимален број на освоени бодови. Вкупно за цела сезона забелажаа 23 победи, без нерешен резултат и 4 порази. 153 постигнати голови за цела сезона во детската лига за Вардар (1) и 42 примени.
Ова се сите нивни резултати во вториот дел од натпреварувачката сезона во детската лига:
1. Вардар – Албарса 8:1
2. Вардар – Форца 1:2
3. Вардар – Металург 3:4
4. Вардар – Милано 5:1
5. Вардар- Риниа 5:2
6. Вардар – Башкими 1:3
7. Вардар – Скупи 7:3
8. Вардар – Фортуна 7:2
9. Вардар – Смилковци 3:0 ( службено)
10. Вардар – Македонија Ѓ.П 10:0
11. Вардар – ЊУ Старс (1) 12:1
Во елиминациските натпревари, оваа екипа забележа две убедливи победи, по што се пласираше во четртфиналето. Ждрепката сакаше двете Вардарови екипи да одиграат меѓусебен дуел за пласман во четвртфиналето.
Вардар- Албарса 7:1
Вардар (1) – Вардар (2) 5:2
Во четвртфиналето, нашите млади надежи за противник ја добија екипата на Академија Пандев од Струмица. Тука остваривме триумф со резулат 3:0 и го потврдивме пласманот во најдобрите четири екипи, а истиот ден се одигра и мечот од полуфиналето против ФК Прилеп.
1/4 Вардар – А. Пандев 3:0
1/2 Вардар – Прилеп 9:1
Во големото финале се сретнавме со врсниците на Форца од кои бевме поразени со резултат 1:3
Вардар (2) исто така имаше послаб пролетен дел од сезоната. Во есенскиот дел оваа екипа имаше вкупно девет победи и само еден пораз и тоа во последното есенско коло. Тоа се вкупно 17 победи, 2 нерешени резултати и 3 порази за цела натпреварувачка сезона. Беа постигнати 116 голови, а примени 36 голови. Оваа екипа имаше “несреќна“ судбина како првопласирана во својата група да игра плејоф и тоа токму против своите соиграчи од Вардар (1).
Сите постигнати резултати на Вардар (2) генерација “2005“.
1. Вардар – Албарса 3:3
2. Вардар – Ново Лисиче 11:2
3. Вардар – Куманово 8:1
4. Вардар – Работнички 3:4
5. слободни
6. Вардар – Смилковци 3:2
7. Вардар – Кул 6:1
8. Вардар – Шкупи 3:0 ( службено)
9. Вардар – Чаир 10:0
10. Вардар – Скопско Поле 10:1
11. Вардар – ЊУ Старс (2) 4:4
Оваа екипа ги заврши настапите во детската лига, откако во решавачкиот “братски“ дуел беа поразени од Вардар (1). Претходно убедливо го добија натпреварот против Скупи (6:1).
Имавме можност да бидеме дел од турнирот “Балканика куп“ во Сандански (Бугарија), каде ги постигнавме следниве резултати:
Металист Пловидв – Вардар 1:3
Царско Село – Вардар 2:1
Векта – Вардар 0:8
Вихрен – Вардар 2:1