Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Љамчевски: Сакам долга европска есен, посакувам да се падне АПОЕЛ за да му се одмаздиме
Љамчевски: Сакам долга европска есен, посакувам да се падне АПОЕЛ за да му се одмаздиме

Љамчевски: Сакам долга европска есен, посакувам да се падне АПОЕЛ за да му се одмаздиме

 Во сезоната што е зад нас тимот на Вардар ја освои јубилејната десетта титула и поставија нов државен рекорд во најмногу освоени бодови во тек на една натпреварувачка сезона. Имаше само  краток одмор за црвено-црните момци , кои започнуваат денес  со подготовки за предизвициите кои им претстојат во европските натпреварувања. Играчот на фудбалскит клуб Вардар Благоја  Љамчевски  за нашиот сајт на кратко ги сподели амбициите со кои се започнуваат денешните подготовки  и желбата за противник во второто квалификационо коло од ЛШ.

Од денес почнуваме со подготовките за предизвикот што не очекува во Лигата на шампионите. Се надевам дека ќе се подготвиме добро и ќе ја оствариме зацртаната цел да поминеме барем едно коло за што подолга европска есенСекој можен противник е силен па кој и да ни се падне ке биде тешко, но сметам дека ние можеме да се надигруваме и да се носиме со секоја од овие екипи. Ако ме прашате кого посакувам , АПОЕЛ ни остана должник од ланскиот двомеч па се надевам дека ќе имаме можност да им се одмаздиме.

 Првенството е зад нас титулата веќе е во витрините, а на 20-ти јуни треба да го дознаеме противникот на Вардар во квалификациите од најголемото натпреварување во фудбалска Европа. Љамчевски лани погоди со АПОЕЛ може ли повторно да погоди овој пат за успех на црвено-црните.

Изминатава сезона освоивме  два  од трите трофеи па може слободно да кажам дека имавме успешна сезона. Сепак најбитно е што  успеавме да ја одбраниме титулата и ја освоивме јубилејната 10та. Лани погодив во Л.Ш, сепак најважно е да одиме понатака, а кој ќе даде гол воопшто не е битно. Јас лани погодив за 1-1 годинава се надевам дека доколку постигнам гол ќе биде доволен за да се пласираме во наредно коло- изјави Љамчевски за Вардарфанс.

МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ