Генерацијата родени “2005′ година го загубија вториот натпревар, на турнирот “Пирин Куп“. Иако имавме неколку шанси да постигнеме гол и конечниот епилог да биде позитивен за вардарци, сепак истите не беа искористени, а Метал Перник славеше минимално со триумф од 1:0.
Со овој пораз си го искомпликувавме пласманот во полуфиналето на турнирот, но сепак избраниците на Андовски сами си решаваат. После две одиграни кола, прва на табелата е екипата на Витоша 13 од Софија со 4 бодови, додека Метал Перник и Вардар имаат по 3 бодови. Токму утре во меѓусебен дуел, екипите на Вардар и Витоша ќе го одлучат еден од патниците во полуфиналето, додека на другиот дуел Метал Перник се среќава со екипата на Черноморетц кој има само 1 бод, но се уште е во игра за пласман во полуфиналето. Сите екипи се во борба за пласман на првите две позиции, а по одигрување на утрешното трето коло ќе биде познат редоследот на табелата во оваа генерација.
Во текот на утрешниот ден, два натпревари ќе одигра и генерацијата родени “2004“ година, додека генерацијата “2003“ само треба да го потвди пласманот во полуфиналето, откако денес оствари две сигурни победи на турнирот во Бугарија.