Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2003“ на само чекор до пласман во 1/2 на турнирот “Пирин Куп“, избраниците на “Чунга Лунга“ подобри и од ЦСКА Софија
ФК Вардар генер. “2003“ на само чекор до пласман во 1/2 на турнирот “Пирин Куп“, избраниците на “Чунга Лунга“ подобри и од ЦСКА Софија

ФК Вардар генер. “2003“ на само чекор до пласман во 1/2 на турнирот “Пирин Куп“, избраниците на “Чунга Лунга“ подобри и од ЦСКА Софија

Избраниците на “Чунга Лунга“, генерацијата родени “2003“ година на ФК Вардар стигнаа до својата втора победа на турнирот “Пирин Куп“. После стартната победа против Панасераикос.  , нашите млади надежи ги надиграа и врсниците од екипата на ЦСКА Софија и речиси обезбедија пласман во полуфиналето. Се работи за квалитетен протник, кој ни пружи отпор, но не доволен да се изненади Вардар. На крајот конечниот резултат гласеше 3:1 во корист на црвено-црните.

Уште по првото полувреме ја најавивме победата, кога имавме предност од 2:0. Резултатот за водство од 1:0 го отвори стоперот, Филип Ѓорѓоски кој со глава ја погоди противничката мрежа, за голема радост на Вардар. Бевме многу поконкретни на теренот и имавме голем процент на посед на топка, што на крај се отчита во конечниот резултат. Втор гол на турнирот постигнува и нашиот напаѓач, Александро Прелоговски кој му носи зголемено водство на Вардар од 2:0. Со овој резултат се замина на полувреме. Во 30 минута поради повреда, теренот го напушти Дарко Трпезановски, на негово место влезе десниот бек, Дамјан Марковски.

Во второто полувреме во ига влезе Дарио Јовановски, на местоот на Прелоговски и токму Јовановски го постигнува следниот гол на натпреварот и повторно во мрежата на ЦСКА, за веќе зголемена предност од 3:0. При крај на натпреварот, почесен гол за бугарите, откако од прва нашиот голман, Стојковски одбрани, но на одбиената топка стигнува еден од противничките играчи и носи намалување на резултатот (3:1), што беше и конечен на крајот од дуелот.

ФК Вардар: Стојковски, Трпезановски, Исмаиљи, Сељанац, Ѓорѓоски, Давидовски, Хасани, Алими, Андрески, Мирков, Прелоговски.

Во игра во второто полувреме влегоа уште и Бојан Петковски, Дамјан Марковски, Влатко Стојановски и Димче Мешковски. Вардар е со една “нога“ веќе во полуфиналето на турнирот, со оглед дека веќе има две победи. Во текот на утрешното последно трето коло од групата, се среќаваме со екипата на Черно Море Варна, која пак во првото коло беше поразена од ЦСКА Софија. Со оглед дека екипите се натпреваруваат во две групи од по четири екипи, првите две пласирани од групите ќе играат во полуфиналето, а останатите за плсман од 5-8 место.