Одмор за тимот на Вардар нема, веќе в недела “црвено – црните” ќе одиграат нов натпревар во ПМФЛ, овој пат на домашен терен против тимот на Победа од Прилеп.
На овој натпревар Вардар ќе влезе со една цел, прва официјална победа во новата календарска година. И на овој натпревар Јаневски нема да може да смета на неколку повредени играчи. Во тимот сигурно ќе ги нема Брдаровски и Велковски, додека пак кај тимот на Победа добра вест е што деби настап ќе може да забележи нивното големо засилување, Лукас Силва Жуниор од Бразил.
Натпреварот на овие две екипи ќе се одигра в недела од 14.00 часот.