Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар во друштво на најсилните екипи од Хрватска и од други осум земји, генер. “2006„ дел од силен меѓународен турнир “Меѓимурец 2018„
Вардар во друштво на најсилните екипи од Хрватска и од други осум земји, генер. “2006„ дел од силен меѓународен турнир “Меѓимурец 2018„

Вардар во друштво на најсилните екипи од Хрватска и од други осум земји, генер. “2006„ дел од силен меѓународен турнир “Меѓимурец 2018„

Уште една генерација на ФК Вардар во наредниов период ќе биде дел од силен меѓународен турнир. Се работи за генерацијата родени “2006„ година, која во периодот од 10-13-ти август ќе се натпреварува на 20 издание на меѓународниот турнир “Меѓимурец 2018„.

Во оваа возрасна категорија, учество ќе земат вкупно 16 екипи од дури десет различни земји. Вардар ќе биде дел од групата Д, во која уште се и екипите на Хајдук Сплит ( Хрватска), МТК Будапешт ( Унгарија) и Охала Токио (Јапонија).

Во групата А ќе бидат екипите на Динамо Загреб ( Хрватска), Штурм Грац ( Австрија), Дунајска Среда ( Словачка) и Меѓимурец ( Хрватска). Групата Б ќе ја сочинуваат екипите на Осијек ( Хрватска), Фита Селект ( Јапонија), Легија Варшава ( Полска) и НК Вараждин ( Хрвтска). Во групата Ц се екипите на Црвена Ѕвезда ( Србија), Кротоне ( Италија), Марибор ( Словенија) и Меѓимурје ( Хрватска).

Првиот натпревар на турнирот, Вардар ќе го одигра во петок со почеток од 17:30 часот против тимот на Охала од Јапонија. Во сабота ќе ги одиграме останатите два натпревари од групната фаза. Најпрво противник на црвено-црните ќе биде МТК Будапешт (12:20), за во последното коло да се сретнеме проти Хајдук Сплит (16:00 часот).

Генерацијата “2006“ на Вардар, на турнирот ќе биде предводена од тренерскиот тандем, Павел Неделковски и Филип Спасовски.