Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Васоски: Имаме уште неколку дена пред овој дерби натпревар и верувам дека ќе одговориме максимално на предизвикот
Васоски: Имаме уште неколку дена пред овој дерби натпревар и верувам дека ќе одговориме максимално на предизвикот

Васоски: Имаме уште неколку дена пред овој дерби натпревар и верувам дека ќе одговориме максимално на предизвикот

Новиот тренер на Вардар Александар Васоски, вели дека неговите играчи се подготвени за предизвиците кои стартуваат овој викенд. Пред новиот тренер ќе биде исклучително тешка задача, бидејќи ова ќе му биде прва сезона како водечки тренер на една екипа. Васоски потенцира дека главен приоритет ќе биде секако враќањето на титулата од ПМФЛ.

„Искрено резултатите на овие контролни натпревари не ми беа важни. Важно е добро да ја подготвиме екипата за новата сезона, и мислам дека тоа добро го направивме. Подготвени го очекуваме стартот на сезоната и се надевам на еден успешен шампионат“, рече Васоски.

Иако има големи промени во екипата, Васоски вели дека и овој играчки кадар на Вардар е кадарен за остварување на највисоки дострели.

„И како играч кога бев и сега како тренер, секогаш од Вардар се барало напад на првото место, и на секој натпревар да оди на победа. Играчите свесно го прифаќаат тој предизвик. Нормално дека ќе сториме се да се бориме за освојување на титулата. Јасно е дека тимот претрпе големи измени од лани во однос на играчкиот кадар, меѓутоа сметам дека и овие фудбалери кои ги имаме на располагње, имаат квалитет да се борат за највисок пласман.

„Интересно е што втора сезона по ред првенството го почнуваме од Тетово. Според мене и оваа сезона ќе биде натпревар на двете најдобри екипи во првенството. Очекувам да биде добар меч, со желба и мотиви од двете страни. Како тренер на Вардар посакувам дека ќе се вратиме со трите бода и победнички ќе го стартуваме новиот шампионат. Задачата нема да биде лесна, меѓутоа верувам дека момците ќе дадат се од себе да дојдат до победата на ова гостување. Имаме уште неколку дена пред овој дерби натпревар и верувам дека ќе одговориме максимално на предизвикот“, вели Васоски.