Генерацијата на ФК Вардар, родени “2006“ година го одиграа и вториот натпревар на турнирот “Приморско лето“ во Бугарија. После нерешениот резултат на првиот воведен меч против Берое, избраниците на Филип Арсовски ја совладаа екипата на Левски од Софија. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 1:0.
Одличен натпревар за нашите млади надежи, против противник кој важеше за еден од најголемите фаворити за освојување на првото место. Стрелец на единствениот погодок, вреден победа беше Александар Миовски.
Во текот на утрешниот ден ќе одиграме исто така два натпревари. Најпрво од 11 часот силите ќе ги одмериме со екипата на Дит Софија, за во 17 часот да се сретнеме со Ропотамо Приморско.