Екипата на ФК Вардар од генерација “2003“ го освои купот на Македонија. Нашите млади надежи денес на стадионот “Борис Трајковски“ во населбата Маџари го одиграа финалето од купот, против екипата на Академија Пандев. Избраниците на Томче Трајановски славеа со резултат 3:1 и на тој начин ја освоија двојната титула.
Погледнете го славјето на малдите Вардарци, после освоениот трофеј.