Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Пандевци недораснати за Вардарци, ДВОЈНА ТИТУЛА ЗА ГЕНЕРАЦИЈА “2003“, КОЈА ГО ОСВОИ И КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА
Пандевци недораснати за Вардарци, ДВОЈНА ТИТУЛА ЗА ГЕНЕРАЦИЈА “2003“, КОЈА ГО ОСВОИ И КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Пандевци недораснати за Вардарци, ДВОЈНА ТИТУЛА ЗА ГЕНЕРАЦИЈА “2003“, КОЈА ГО ОСВОИ И КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Денес на стадионот “Борис Трајковски“ во населбата Маџари се одигра финалето во купот на Македонија, кај генерација “2003“, помеѓу екипите на Вардар и Академија Пандев. Црвено-црните го надиграа противникот и на крај славеа со резултат 3:1, со што ја освоија двојната титула за оваа сезона.

Тренерот Трајановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Стојковски, Ѓорѓоски, Трпезановски, Сељанац, Абдула, Стојановски, Давидовски, Јовановски, Прелоговски, Андрески, Мирков.

Првиот удар кон еден од головите го имаше екипата на Вардар и тоа стоперот Филип Ѓорѓоски кој при центар шут, со глава биеше покрај голот на противникот. Црвено-црните беа далеку подобрата екипа на теренот, постојано имаа инцијатива и поголем посед на топка. Рано успеваме да го отвориме резултатот, кога во противничкиот шеснаесетник соборен беше Антонио Мирков, по што судијата оправдано покажа на белата точка. Одговорноста ја презема Абдула Хасани кој бие сигурно за водство од 1:0.

vardarfans-abdulahu

Продолжи нашата офанзивна игра, а Академија Пандев немаше ниту една посериозна акација. Нов обид имаше Влатко Стојановски кој биеше за малку покрај голот на струмичани. Надмоќноста беше очигледна на теренот, а избраниците на Томче Трајановски успеваат да го зголемат резултатот и на 2:0. Повторно Мирков учествува во акција, кој упатува центар шут, на кој наидува капитенот Давидовски, кој со глава ја смести топката во голот на А.Пандев, за зголемување на резултатот. Конечно екипата од Струмица, успева да упати удар, кој оди далеку од голот на Стојковски. Исто така имаа и обид од слободен удар, кој оди над нашиот гол. Нашите надежи успеаа да постигнат и трет гол, но истиот беше поништен поради офсајд позиција. До крајот на првото полувреме, А.Пандев имаше можност да го намали резултатот, кога напрација добра акција, но за наша среќа одбрани голманот на Вардар, Лука Стојковски. За одбележување е спринтот на Антонио Мирков, кој упати удар покрај голот на противникот. На полувреме се замина со резултат 2:0 за црвено-црните.

18813439_1353137368066439_7207426413282417515_n

На стартот на второто полувреме беше направена измена во нашиот состав.На местото на Прелоговски во игра влезе Дарко Младеновиќ. А.Пандев имаше мала иницијатива во првите десет минути од второто полувреме, но немаше сериозна закана кон нашиот гол. Тренерот на Вардар, Трајановски направи уште една измена за да го освежи составот. Во игра влезе Мешковски, на местото на Јовановски. Трета измена, на местото на Андрески, влезе Пашариковски. Нововлезениот Дарко Младеновиќ става точка на финалето, кога при една грешка на противничката одбрана, зема топка и од добра позиција ја сместува топката во мрежата, за предност од 3:0. Нашиот тренер сакаше да им даде шанса за настап на сите играчи. Нов кој влезе на теренот беше Дамјан Маркоски, на местото на Абдулаху. Проследуваме одличен удар на Мирков кој бие од голема далечина, голманот на Пандев брани со крајни напори. До крајот противникот псотигнува почесен гол за намалување на 3:1, што беше и конечен резултат. На тој начин Вардар го освојува купот на Македонија за оваа натпреварувачка сезона.

18813833_1353137454733097_6963157769842122923_n

На тој начин генерацијата “2003“ е единствена оваа сезона која ја освои двојната титула. Честитки за сите момци, на чело со тренерот Томче Трајановски.