Вардаровата генерација родени “2006“ година се наоѓа на турнир во Бугарија, “Приморско лето“, каде денес ги започна настапите на истиот. Во првото коло се сретнавме со екипата на Берое од Стара Загора и истиот заврши со нерешен резултат од 2:2. Стрелци на головите беа Давид Голубов и Марко Николовски. Во вечерниот термин се среќаваме со екипата на Левски од Софија.
Денес беше свечено отварање на турнирот, во продолжение погледнете неколку фотографии.