Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Четворица вардарци во иделниот тим на Куп финалето во кое дојдовме до злато
Куглање! Четворица вардарци во иделниот тим на Куп финалето во кое дојдовме до злато

Куглање! Четворица вардарци во иделниот тим на Куп финалето во кое дојдовме до злато

Викендов се играше Куп финето во куглање во истото Вардар излезе на “мегдан“ со фаворитот за круната КК Макпетрол на патеките 5-8 во Вип кугланата при С.Ц “Борис Трајковски“. Изнеандувачки одлично почнавме и по 4 играчи водевме со 4-0, па во последните два дуела ни требаше само два сета за сигурна победа. На патеките се појавија Донковски Младен и Димитровски Дарко. Момците беа сигурни “егзекутори“ на фаворитот и обезбедија злато за црвено-црните. Оваа игра на момците се одслика и во иделниот тим.

Дарко Димитровски одлични 605 “дрва“.

Дарко Димитровски одлични 605 “дрва“.

Очекувано во иделниот тим доминираме ние, во истиот четири места се резервирани за избраниците на Драги Димитровски. Лидерското место е им припадна на “пумпашите“, на позицијата два е Димитар Димитровски. Нашиот лидер има одлични 619 “соборени дрва“ за “сребрена“ позиција. Сосема изненадувачки на третто место е неговиот брат Дарко Димитровски кој блесна во вториот сет, соборувајќи 175 “дрва“ што беше рекорд на финалето. Треттата позиција на помладиот брат е “запечалена“ со резултат над магичните 600, односно 605 чуња. Зад нив е “преродениот“ Маријан Згонц кој во Купот “гази“ со 589 “дрва“. На шестата позиција е Донковски Младен со 580  “дрва“, тој можеше да иде и погоре со резултаот, но последниот сет го одигра славенички лабаво без никава напнатост.