Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Фк Вардар генер. “2006“ се пласираа во полуфиналето на турнирот во Маџари
Фк Вардар генер. “2006“ се пласираа во полуфиналето на турнирот во Маџари

Фк Вардар генер. “2006“ се пласираа во полуфиналето на турнирот во Маџари

Црвено-црната генерација родени “2006“ година без поголеми проблеми обезбедија пласман во полуфиналето на турнирот кој се одржува во спортската сала на училиштето “Наум Наумовски- Борче“ во населбата Маџари. И во вториот натпревар од групата избраниците на Кралевски забележаа убедлив триумф, овој пат против екипата на Нови Лисици. Конечниот резултат гласеше 6:1. Најдобриот стрелец на оваа генерација Давид Голубов постигна хет-трик. По еднаш во листата на стрелци се запишаа Милош Спасовски, Драган Јанкоски и Михаил Николов. Во првиот меч од групата црвено-црните високо ја поразија екипата на Фортуна со резултат 9:1 и со вкупна гол разлика од 15:2 се пласираше во четирите најдобри екипи. Полуфиналето и големото финале во оваа генерација ќе се одигра утре.

Голем хендикеп на овој турнир за оваа генерација е неиграњето на првиот чувар на мрежата Андреј Данстак, па Кралевски ќе биде принуден да настапува со голман кој е генерација помал од неговата. Ведран Колоски-Стрезовски бранеше во групната фаза, додека во полуфиналниот натпревар изборот ќе отпадне на Ведран или Лука Јаневски, двајцата родени “2007“ година. Исто така и Дарко Сековски и Давор Лефковски, иако се родени “2006“ година на овој турнир ќе играат за екипата предводена од Зоран Петковски, генерација родени “2005“ година, кои своите настапи на турнирот ги започнуваат денеска.