Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Следи пауза и во ракометната “Вардар јуниор лига“
Следи пауза и во ракометната “Вардар јуниор лига“

Следи пауза и во ракометната “Вардар јуниор лига“

Во вардаровата јуниор  лига која се игра помeѓу школите кој се дел од големото црвено-црно семејство следи како и во другите колективи зимска новогодишна пауза. Младите вардарци ќе одмараат од предизвиците во лига системот во следните денови кои престојат, досега се одиграни вкупно 4-кола од “Вардар јуниор лигата“. Мечевите од петтото коло се закажани за 23 и 24 јануари во С.р.ц Кале и малата сала при С.Ц Јане Сандански. Во првото коло од 2016 ќе се играат мечевите во следните конкуренции : Генерација 00/01 (м),  генерација 02/03(ж), генерација 04/05 (м) и (ж), и генерација 06-09 (м) и (ж). Следното шесто коло е закажано недела подоцна на 30/31 јануари.

Вардарата   ракометна “Јуниор лига“  е така замислена да функционира по системот според кој функционира која било друга лига. Во самите  натпревари се сретнуваат  децата кои се поделени во своите возрасни категории, играат по системот секој против секој во групите со по шест екипи, а во категориите во кои има осум екипи се делат на две групи, исто така секој против секој. На крајот од сезоната се игра Ф-4 завршен турнир . Вкупно треба да  има одиграат  286 натпревари во сите категории. Еве го распоредот за цела сезона 2015/16 :

raspored_liga-1.pdf
raspored_liga-2.pdf