Фк Вардар генерација 2006 имаше фуриозен старт на турнирот кој се одржува во спортската сала на училиштето “Наум Наумовски- Борче“ во населбата Маџари. Избраниците на Кралевски уште на првиот меч дадоа до знаење дека максимално ќе влезат на овој турнир и ќе се борат за петтиот последователен трофеј од младинските фудбалски турнири. Првиот противник беше “експресно“ збришан, тоа беше екипата на Фортуна која доживеа висок пораз со резултат 9:1.
Уште од првите минути нашите млади надежи почнаа да ја тресат противничката мрежа и да го напаѓаат голот на противникот. Седум различни играчи се запишаа во листата на стрелци на овој прв дуел. Максим Цониќ и Михаил Танчев постигнаа по два голови. Милош Спасовски, Драган Јанкоски, Никита Патаровски, Михаил Николов и Давид Голубов беа стрелци на еден погодок.
Вечерва црвено-црните ќе одиграат уште еден натпревар со почеток од 20:20 часот против екипата на Нови Лисици. Со победа од овој дуел ќе обезбедиме пласман во полуфиналето.