Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Рк Вардар 2 го заврши првиот дел од сезоната на второто место, кое води во најсилната супер лига од следната сезона
Рк Вардар 2 го заврши првиот дел од сезоната на второто место, кое води во најсилната супер лига од следната сезона

Рк Вардар 2 го заврши првиот дел од сезоната на второто место, кое води во најсилната супер лига од следната сезона

Успешна дебитантска полусезона за екипата на РК Вардар 2 во рамките на првата ракометна лига. Избраниците на Стојан Петрушевски покажаа зрелост и карактер во првиот дел од сезоната. Завршија на второто место на табелата, кое од наредната сезона води во најсилната супер-лига.

Црвено-црните забележаа девет победи и два порази. Освен минималните порази изразени со еден гол разлика, против првопласираниот ХЈС Работник и во последното коло од Текстилец и двете на гостински терен, останатите мечеви поминааа во целосна доминација на нашиот состав. Иако далеку помлади од своите противници, младите Вардарци влегуваа во натпреварите со максимална борба и без респект кон противникот. Четири екипи се најголеми конкуренти за првите две места на крајот и пласман во супер лигата. ХЈС Работник заврши како лидер во првиот дел од сезоната со три бода повеќе од Вардар. Третото место е резервирано за екипата на Преспа, додека последниот тим кој може да се вмеша за врвот е тимот на Младост од Богданци. Црвено-црните веќе одиграа на гостински терен против Работник и Младост, додека во Скопје ја пречекавме екипата на Преспа 2010. Дуелите со останатите противници ги добивме на убедлив начин, без некои поголеми неизвесности околу конечниот победник.

Ако се земат во предвид сите одиграни натпревари, младоста и дебитанската сезона за избраниците на Петрушевски, може да се каже дека момците направија и повеќе од тоа што се очекуваше. Оваа екипа ја сочинуваат играчи кои во последните мечеви од супер лигата претходната сезона, добиваа шанса и во првиот тим на Вардар предводен од Гонзалес. Арсеновски, Јагуриновски, Кизиќ, Димовски, Ончев, Трпчевски и останатите се играчите кои треба на крајот од сезоната да испишат историја, со што во супер лигата би имало три екипи на Вардар. Најдобар стрелец во нашите редови е Тоше Ончев. Моментално се наоѓаат на заслужен одмор, со исклучок на Јагуриновски и Арсеновски, кои во недела ќе заминат за Белград како дел од младинскиот состав на турнир во Белград.

Ви ги презентираме сите резултати на Рк Вардар 2, по првиот дел од сезоната:

1 коло: Риниа М- Вардар  20:26

2 коло: Вардар- Тиквеш  42:19

3 коло: Младост- Вардар  22:24

4 коло: Вардар- Гостивар  42:12

5 коло: ХЈС Работник- Вардар  25:24

6 коло: Метрополис-В ардар  14:26

7 коло: Вардар- Преспа 2010   26:23

8 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар  19:26

9 коло: Вардар- Струга  27:20

10 коло: Вардар- Куманово  36:19

11 коло: Текстилец- Вардар  21:20

Табела- Прва Ракометна лига (2015/2016) (првите пет пласирани екипи).

1. Хјс Работник 30

2. Вардар  27

3. Преспа  25

4. Младост  22

5. Риниа М  19