Денес Вардаровата генерација “2006“ го играше своето полуфинале, на турнирот “Приморско лето“ во Бугарија.Нашите надежи, иако го дадоа својот максимум на овој меч, на крајот сепак го загубија натпреварот со 3:0, од екипата на Черно Море.
Вреди да се напомене, дека противничките играчи беа физички покорпулетни од нашите момчиња. Имавме и ние свои шанси, кои не ги искористивме. Утре не очекува борба за третото место, каде ќе се сретнеме со екипата на Аполон од Крагуевац. Со истава екипа игравме во групната фаза, кога одигравме со нерешен резултат (1:1).
Поразот против Черно Море, беше прв на турнирот за избраниците на Филип Арсовски.