Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар во друштво на Ливерпул и Каљари, генер. 2008 доби специјална покана за настап на турнир во Софија
Вардар во друштво на Ливерпул и Каљари, генер. 2008 доби специјална покана за настап на турнир во Софија

Вардар во друштво на Ливерпул и Каљари, генер. 2008 доби специјална покана за настап на турнир во Софија

Генерацијата 2008 на фудбалскиот клуб Вардар во месец мај ќе биде дел од силен меѓународен турнир „Red Cup 2020“, кој е во организација на ЦСКА Софија. Oрганизаторот ги подмирува сите трошоци за нстапот на истиот.

Организаторот на турнирот упати специјална покана до нашата академија, за учество на овој турнир. Покрај Вардар учесници на истиот се екипите на : ЦСКА Софија и Ботев Пловдив (Бугарија), Војводина ( Србија), Рапид Виена ( Австрија), Партизан Белград ( Србија), Ливерпул ( Англија) и Каљари ( Италија).

Турнирот ќе се одигра во периодот од 22-25.мај во Софија. Нашите млади надежи ќе бидат во друштво на силни и реномирани екипи од Балканот и Европа, а секако најзвучното име доаѓа од Англија, тоа е Ливерпул, каде сениорскиот тим е актуелен освојувач на Лигата на Шампионите. Секако не секој ја добива оваа привилегија да биде дел од турнирот, а токму Вардар е еден од нив, како најголем клуб во Македонија. Ова е само уште еден доказ колку е ценета школата на Вардар, која е една и од најдобрите на Балканот, нашите генерации се редовни учесници низ турнирите во Бугарија, каде постигнува врвни резултати и многу често се закитува со еден од медалите.