Monday ,07 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар без осум играчи од пресметките со Пик Сегед, кои беа дел од минатата сезона
Вардар без осум играчи од пресметките со Пик Сегед, кои беа дел од минатата сезона

Вардар без осум играчи од пресметките со Пик Сегед, кои беа дел од минатата сезона

Втора сезона по ред, Вардар и Пик Сегед меѓусебно ќе се соочат во една од елиминациските рунди во Лигата на Шампионите. За разлика од минатата, кога двете екипи се сретнаа во 1/4 финалето, оваа сезона ќе видиме дуел во 1/8 финалето.

Вардар заврши на 6.место во ајсилната група Б, додека во групата А, екипата на Пик Сегед го освои третото место, што значеше натпревар во осминафиналето на овие два тима. Во еден тежок и неизвесен двомеч до самиот крај, минатата сезона, црвено-црните изглегоа како победници и на тој начин се пласираа на завршниот турнир во Келн, каде и подоцна го освоија и по втор пат го подигнаа скапоцениот трофеј во Лигата на Шампионите.

За разлика од тој двомеч, многу од играчите кои беа дел од елиминацијата на унгарскиот вицешампион, нема да ги видиме во 1/8 финалните дуели кои на програмата се во месец март. Дури осум ракометари од минатата сезона не се повеќе дел од Вардар, што не става во подредена улога во пресрет на дуелите со Пик Сегед. Во составот веќе ги нема Милосављев, Карачиќ, Кристопанс, Мораес Фереира, Кисељев, Поповски, Недановски и Војводиќ. Секако отсуството на првите четворица и тоа како ќе се осети на теренот, додека во составот на Пик Сегед ќе го нема голманот Марин Шего, но затоа е тука Роланд Миклер кој сезонава брани во голема форма.

Вардар сезонава се засили со Кугис, Горпишин, Пелко, Димитриоски, Толедо и Атман. Рускиот репрезентативец не е веќе дел од Вардар, откако замина во Спартак Москва. Кугис е надвор од играчка форма, па според информациите е прекомандуван во вториот тим на Вардар, додека Толедо имаше долг период на рехабилитација, па прашање е колку може квалитетно да го замени Кристопанс во последниот дел од сезоната. Горпишин и Пелко се некако во „сенка“ на Стоилов и Калараш, а истото важи и за Димитриоски. Изминатава недела црвено-црните се засилија и за Борко Ристовски и Мишевски.