Момците на Радуловиќ изминатото коло успеаа да ја совладаат екипата на Академија ФМП, со што дојдоа до третата победа оваа сезона. Во ова ново, 17.коло тие ќе бидат гости во Градски Парк.
КК Вардар во оваа рунда гостува кај повеќекратниот шампион на Македонија, екипата на КК Работнички. Дуелот против црвено-белите од Градскиот парк е закажан за утре, сабота (7март). На натпреварот кој ќе се игра со почеток во 18:00 часот делегирани арбитри се: Мијалковски, Лалков и Лазов.